Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло е задоволен од играта против Кротоне и победата со 3-0, сега „старата дама“ е на третото место на табелата во Серија А.

„Игравме нервозно на почетокот, но кога го имате Роналдо во нападот, работите се поинакви. Јувентус никогаш не се предава, ние сме клуб кој секогаш игра на победи, ќе се бориме до последен момент за титулата, Интер има предност, но ние сме Јувентус“ – порача Пирло.

Јувентус е трет на табелата со осум бода помалку од Интер.