Најубави спомени, посакувани подароци и Дедо Мраз се детали кои го надополнуваат секој новогодишен и божикен празник. Еве што велат психолозите за детското верување во детето со црвена облека и долга бела брада и зошто не е добро да им уништувате митот за него.
Додека во одредени семејства цел декември се раскажуваат приказни за Дедо Мраз и нетрпеливо се очекува неговото доаѓање, постојат и родители кои своите деца од мали ги учат дека не постои таков магичен дедо и дека всушност подароците им ги купуваат мама и тато. Ваквиот став родителите реалисти го бранат со фактот дека децата не треба да се лажат и дека потоа ќе бидат разочарани кога ќе сфатат дека Дедо Мраз не постои. Се поставува прашањето кои од овие родители се во прави и зошто е важно децата да веруваат дека постои дедо со бела брада и црвен костум.
Според неа, различните бајки, меѓу кои спаѓа и приказната за Дедо Мраз, од дамнина се неизбежен дел од детското растење и многу се важни за развој на апстрактното размислување кај децата. Тоа го докажале и бројни истражувања, оти низ имагинарни ситуации, преправања и верувања во фантастични ликови, децата менатлно ги вежбаат ситуациите. Тие подоцна им помагаат во разбирање на светот што ги опкружува, но и во разликувањето на реално и нереално, решавање на проблеми и развој на креативноста.
“Освен когнитивни, тука има и социјално-психолошки придобивки од Дедо Мраз, кој претставува олицетворение на т.н. божикен дух на дарување и делење. Тој е пример за добрина, праведност, благосостојба и љубов, така што верувањето во Дедо Мраз поттикнува дарежливост кај децата и го намалува детскиот егоцентризам“, истакнува докторката и додава дека истражувањата покажале дека најголем број деца постепено престануваат да во веруваат во овој магичен лик.
Најважно е што за поголемиот број деца тоа сознание не претставува никаков шок, ниту проблем, а тоа всушност она од кое родителите најмногу се плашат. Откритието дека не постои Дедо Мраз за децата главно претставува позитивно искуство и знак дека се позрели и повозрасни, па затоа едвај чекаат на помладиот брат или сестра да им раскажуваат исти приказни кои ним им биле кажувани.
Скорешни коментари