Познатите играчки што го обележаа детството на многумина сега се заменети со екрани на телефони и лаптопи. Погледнете кои играчки и понатаму се популарни, а кои се одамна заборавени.
Популарноста на детските играчки е слична на многу други комерцијални индустрии и се менува од година на година, така што тие што се наоѓаат на врвот на листата доаѓаат и си одат. Сè зависи од светските трендови и иновации на одредени производители, а исто така и од децата, кои всушност избираат што сакаат. Во морето на овие заборавени играчки има и такви што ги надминуваат тие рамки и стануваат глобално популарни и присутни со децении наназад.
Можеби не ги воодушевиле децата од целиот свет, но веројатно слушнале за нив. Ова се најпродаваните играчки:
1. Барбика
Куклата Барби е една од најдолговечните и најпродаваните играчки, со продадени повеќе од милијарда кукли и стотици нејзини варијанти. Таа е дел од популарната култура веќе половина век и како таква се најде во светот на анимацијата, видеоигрите и другите производи. Куклите продолжуваат да се произведуваат и продаваат во голем број низ светот.
2. Јо-јо
Многу едноставно, а истовремено и многу забавно – играњето со јо-јо е нешто на што децата, па и возрасните, тешко можат да му одолеат. Невозможно е да се процени колку се произведени и продадени, со оглед на тоа што играчката јо-јо во една или друга форма е присутна речиси 2.500 години. Современата комерцијализација се случи во 1928 година во Калифорнија, кога била отворена фабрика посветена исклучиво на изработката на оваа играчка.
3. Акциони фигури
Најпознати и најзаслужни за бум на акционите фигури се познатите Џи-ај-џо или (именувани по војникот Џи-ај-Џо, измислен американски воен херој) направени во текот на војната во Виетнам. Оригиналните верзии беа поскапи од копиите, но затоа копиите беа достапни на многу пазари и тезги во светот. Тие ја отворија вратата за продажба на многу други акциони фигури, како што се Трансформери, Химен и други.
4. Автомобили
И тука има безброј варијации, автомобили произведени во различни големини, бои, дизајни, со повеќе од 4 милијарди продадени копии. Автомобилите се популарни низ целиот свет меѓу момчињата, без оглед на бојата на кожата и околината во која живеат, така што многу татковци се сеќаваат на своите омилени автомобилчиња од детството.
5. Хулахоп
Едноставните обрачи направија бум со нивниот изглед кон крајот на 50-тите и тогаш беа продадени повеќе од 100 милиони примероци. Продажбата подоцна опадна, но производот остана до денес и е познат во различни делови на светот. Неговата генијалност лежи во едноставноста, па затоа, иако не сите девојки се воодушевени од хулахопите, сепак, постои релативно стабилна продажба во светот.
6. Коцки
Данските коцки се исто така нешто универзално за кое знаат сите деца, нивните родители, па дури и бабите и дедовците. Постојат комплети со огромен број коцки од кои можете да направите нешто произволно, лиценцирани производи од многу франшизи, автомобили, роботи, што и да ви падне на памет.
7. Рубикова коцка
Можеби не е играчка во најстрогата смисла на зборот, но е нешто што им го привлекува вниманието на децата и возрасните во светот. Изумот на Унгарецот Рубик не е само за едноставна забава, туку станува збор за вежбање на мозокот со цел да се реши загатката и, честопати, да предизвика гнев кај луѓето и да се откажат од таа цел. Секако е добро за луѓето од сите возрасти како предизвик, или барем симпатичен детаљ на полицата.
Скорешни коментари